Кениецот Дерик Чеге Њороге е победник на 22. Скопски атлетски маратон. Тој патеката долга 42 километри ја мина за 2:12:56 часа, а зад себе го остави сонародникот Едвин Кимару Косгеи, кој доцнеше помалку од половина минута. Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски, кој помеди на минатогодишниот маратон, годинава го освои третото место што е уште еден забележителен резултат во неговата кариера.

Ивановски си обезбеди место на победничкиот пиедестал откако успешно се вмеша во кениската доминација на скопските улици, во која претставниците на африканската земја се пласираа од првото до осмото место.

Ивановски на третото место стигна со време 2:13:49, односно со заостанување помало од една минута зад победникот од Кенија. За одбележување е и осмото место на Жан Тошев, вториот најдобар македонски учесник на маратонската трка.

На маратонот во женска конкуренција победи Долфин Кемунто Нијагака, пред сонародничките Кипкемои и Какури.

Кенијците доминираа и на полумаратонската трка, каде во машка конкуренција победи Кенеди Роно, а најдобро пласиран македонски претставник беше Муџахид Мислими, кој го освои четвртото место.  Во топ три на полумаратонот во женска конкуренција исто така е поврзан со претставнички на Кенија, а на врвот се најде Валентин Жебет, додека Дарија Крстевска беше најдобра наша претставничка со шестото место.

На трката, на пет километри победија Андреј Арсов во машка и Ирма Хајдари цо женска конкуренција.

ИЗДВОЕНИ