понеделник, август 24, 2026
Дома СВЕТ Незапамтена бура во Италија ги превртува авионите како играчки: Ветер со 120...

Незапамтена бура во Италија ги превртува авионите како играчки: Ветер со 120 километри на час го опустоши аеродромот во Форли/ВИДЕО

103

Силна бура ја погоди северна Италија, а драматичните снимки од аеродромот покажуваат како ветрови со сила на ураган превртеле лесни авиони на пистата.

Четири авиони се превртеле за време на бурата. Еден бил однесен од силен ветер за време на слетувањето, додека уште три паркирани авиони биле поместени на пистата од налети на ветер, а потоа превртени.

Видеата покажуваат како ветерот буквално ги фрла авионите околу пистата „како играчки“.

Како што објави CNN, инцидентот се случил откако силна бура ја погодила областа Форли во италијанскиот регион Емилија-Ромања. Регистрирани се налети на ветер од околу 120 километри на час.

Поради екстремни временски услови, аеродромот морал да биде затворен.

ИЗДВОЕНИ