МВР информира дека вчера попладне во 18:30 часот на плоштад „Крушевска Република” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го уапсиле а Б.К.(71) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во куќа во Охрид агресивно се однесувал и упатувал закани кон М.Ј.(28) од Кичево и кон други присутни лица, а потоа ги испрскал со запалива течност.
„По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност” наведуваат од МВР.












