По силното невреме што вчера го зафати главниот град, оштетувања се забележани и на еден од најпрепознатливите симболи – часовникот на Музејот на град Скопје.
Силното невреме ја оштети стрелката која ги покажува минутите на часовникот.
Покрај овој објект, невремето предизвика штети и на повеќе државни институции и објекти од витално значење, а надлежните служби и натаму вршат проценка на последиците и работат на нивна санација.












