вторник, јуни 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Невреме и заладување ја зафаќа Македонија: До петок пороен дожд, грмежи, силен...

Невреме и заладување ја зафаќа Македонија: До петок пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

0

Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до петок во земјава ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд и грмежи.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има локално поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град.

Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

ИЗДВОЕНИ