Од фондацијата „Мањани Рока“ во Италија, во областа Парма, се украдени уметнички дела вредни неколку милиони евра и тоа не само „Риба“ на Реноар туку и дела од Сезан и Матис.
Според првичните информации, крадците дејствувале во ноќта меѓу 22 и 23 март, влегле во Вила Мањани пробивајќи ја вратата на зградата, пренесува порталот „Болоња.република.
Истрагата ја водат карабинери од Парма заедно со заедницата за заштита на културното наследство, а собрани се и снимки од видео надзорот.
Трите украдени слики се: „Риба“ од Пјер-Огист Реноар од 1917 година, „Мртва природа со цреши“ од Пол Сезан од 1890 година и „Одалиска (Харем девојка) на терасата“ од Анри Матис од 1922 година, кои се наоѓаа во француската соба на првиот кат.
Фондацијата „Мањани Рока“ е една од најважните уметнички институции во Италија.
Вила деи Каполавори, седиштето на Фондацијата, ја чува колекција на уметикот, критичар, музиколог и писател Луиџи Мањани (1906-1984) која опфаќа дела од Тицијан, Дирер, Рубенс, Гоја, Канова, Моне, Реноар, Сезан, Бури и најзначајнатазбирка трудови на Џорџо Моранди.
Фондацијата е основана во 1977 година со цел да промовира културни активности поврзани со уметноста, музиката и книжевноста, а исто така во знак на сеќавање на родителите на основачот, Џуземе Мањани и Еугенија Рока, пренесува „Танјуг“.












