понеделник, септември 28, 2026
Дома БАЛКАН Неверојатни снимки од Омиш: Погледнете како е проширен пожарот/ВИДЕО

Неверојатни снимки од Омиш: Погледнете како е проширен пожарот/ВИДЕО

230

Освен силните ветрови, главните причини за ширењето на катастрофалниот пожар во Омиш се и човечката глупост и невнимание, што го потврдува и снимка што се појави на социјалните мрежи!

Имено, на пат полн со автомобили и мотоцикли, се гледа возило целосно зафатено од пламен. Додека другите возачи му свират да застане, искри од пожарот на неговиот автомобил летаат наоколу, зголемувајќи го ризикот од ширење на пожарот.

„Излези од автомобилот“, вика сопатник на мотоцикл што вози покрај несовесниот возач.

И главниот командант на противпожарната бригада во Омиш, Славко Туцаковиќ, зборуваше токму за оваа случка.

„Со возење на запалени возила во пламен, неодговорни поединци придонесоа за ширењето на пожарот. Тие не ги слушаа упатствата“, рече Туцаковиќ.

Среќа во несреќа: 200 лица спасени од морето кај Омиш кои се обидувале да избегаат од пожарот

Седум лица се борат за живот со тешки изгореници од пожарот во Омиш, меѓу повредените и 17-годишно девојче

Омиш не памети ваква катастрофа: Ова е еден од најстрашните пожари во хрватската историја/ВИДЕО

 

ИЗДВОЕНИ