петок, ноември 20, 2026
Дома БАЛКАН Захарова: Србија одби да воведе санкции и да ја предаде земјата што...

Захарова: Србија одби да воведе санкции и да ја предаде земјата што отсекогаш ја поддржувала

0
Фото: EPA/RAMIL SITDIKOV/REUTERS / POOL / POOL

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека „Србија не се приклучува кон антируските санкции бидејќи не сака да ја предаде земјата што отсекогаш се залагала за интересите на Србија“.

Таа истакна дека ваквиот став на Србија предизвикува незадоволство во Брисел, соопшти руското Министерство за надворешни работи на платформата „Икс“.

„Неподготвеноста на Србија да го следи патот на ЕУ предизвикува незадоволство во Брисел, а понекогаш дури и агресија“, рече Захарова, осврнувајќи се на фактот дека Србија не им се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ