вторник, јуни 23, 2026
Дома СВЕТ Нетанјаху потврди: Израел ги вооружува клановите во Газа кои се против Хамас

Нетанјаху потврди: Израел ги вооружува клановите во Газа кои се против Хамас

112

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека неговата влада ги вооружува палестинските кланови во Газа за да му се спротивстави на Хамас.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Нетанјаху, во последното кратко интервју со неговиот советник Топаз Лука, рече дека „во консултација со безбедносните службеници“ користел „кланови во Газа кои се противат на Хамас“, објави „Тајмс оф Израел“.

– Што не е во ред со тоа. Тоа е само добро. Тоа ги спасува животите на војниците на израелските одбранбени сили (ИДФ) – рече Нетанјаху.

Поранешниот израелски министер за одбрана Авигдор Либерман денеска изјави дека Израел ги вооружува џихадистите од Појасот Газа, обвинувајќи го Нетанјаху дека еднострано одобрува трансфер на оружје на таа група.

ИЗДВОЕНИ