вторник, ноември 10, 2026
Дома СВЕТ Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства: „Импичментот е резултат на политички...

Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства: „Импичментот е резултат на политички разлики“

0
EPA/WILL OLIVER / POOL

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес на прес-конференција во Пентагон изјави дека иницијативата за неговиот импичмент се базира на политички разлики и дека тој не ги извршил сериозните злосторства за кои е обвинет.

Пит Хегсет организираше прес-конференција во Пентагон еден ден откако републиканскиот претставник Томас Маси покрена постапка за импичмент против него поради начинот на кој ја води војната против Иран, објавува АП.

Тоа беше првото обраќање на Хегсет до медиумите од мај, иако американските воени сили оттогаш ги продолжија повремените операции против Иран.

Во резолуцијата за импичмент, која ја поднесе до Претставничкиот дом во понеделник, Маси се фокусира на војната во Иран, но исто така ја споменува улогата на Хегсет во воените акции против јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран, како и акцијата на САД во Венецуела.

Масие оцени дека постапките на Хегсет претставуваат сериозни злосторства и прекршувања што заслужуваат импичмент.

Минатата недела, САД одржаа среднорочни избори, на кои демократите извојуваа убедлива победа над републиканците.

Војната во Иран, која трае веќе осум месеци и е придружена со висока инфлација и скок на цените на енергијата во САД, беше една од клучните теми за време на изборната кампања.

Во рамките на Републиканската партија долго време постоеше поделба и незадоволство кај некои пратеници од начинот на кој се спроведува воената операција на Блискиот Исток и одлуките на администрацијата во Вашингтон.

ИЗДВОЕНИ