петок, јули 24, 2026
Дома СКОПСКА Непозната материја се влева во реката Вардар – надлежните служби постапуваат на...

Непозната материја се влева во реката Вардар – надлежните служби постапуваат на терен

26
Фото:фб, градоначалник на Скопје

Од Град Скопје соопштија дека денеска до нив пристигнала пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар, по што веднаш биле активирани надлежните служби.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека инспекциските служби на Град Скопје веднаш излегле на терен, а за случајот дополнително биле известени и инспекциските служби на Министерството за животна средина, кои исто така започнале увид.

За утврдување на изворот на загадувањето, инспекторите користеле и дрон, додека екипи на ЈП „Водовод и канализација“ земале примероци од водата за лабораториска анализа, со цел да се утврди за каква материја станува збор.

Ѓорѓиевски посочи дека Град Скопје е во постојана комуникација со Министерството за животна средина и изрази очекување дека причинителот на загадувањето наскоро ќе биде откриен и соодветно санкциониран.

„Толеранција нема да има за никого“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека јавноста ќе биде дополнително информирана штом  надлежното министерство ги соопшти резултатите од истрагата.

ИЗДВОЕНИ