четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Непалците гласаат за нова влада, првпат по протестите на генерацијата З, фаворит...

Непалците гласаат за нова влада, првпат по протестите на генерацијата З, фаворит е рапер

40
epa12796611 Nepalese check their names before casting their votes during the parliamentary elections in Kathmandu, Nepal, 05 March 2026. Nepal is holding its first elections since anti-government protests led to the collapse of the previous government in September 2025. EPA/NARENDRA SHRESTHA

Непалците денеска излегоа на гласање за да изберат нова влада, првпат по смртоносните протести против корупцијата предводени од генерацијата зет, по кои владата беше соборена во септември, лани.

Оттогаш, хималајската република ја води привремена влада предводена од поранешниот претседател на Врховниот суд, Сушила Карки, кој вети дека ќе одржи нови избори и ќе ја предаде власта во рок од шест месеци. Рам Прасад Бандари, главниот изборен комесар, рече дека е посветен на завршување на броењето до 9 март, иако на последните избори во 2022 година, резултатите беа објавени речиси по две недели, поради тешко пристапниот терен до некои од избирачките места.

За фаворит се смета  Балендра Шах, 35-годишен рапер и поранешен градоначалник на Катманду, кој се соочува со поранешниот премиер, Шарма Оли во Џапа-5, изборна единица која е традиционално упориште на Оли. Шах ја претставува партијата Растрија Сватантра (RSP), која заврши на четвртото место на последните општи избори во 2022 година. Непалскиот конгрес, најстарата и најголема партија во земјата по број на членови, е исто така силен кандидат. Партијата победи на неколку претходни избори, вклучувајќи ги и последните во 2022 година. Моментално ја води четирикратниот пратеник Гаган Тапа.

ИЗДВОЕНИ