недела, јуни 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нема слобода без слободни жени – одржан традиционален марш по повод 8....

Нема слобода без слободни жени – одржан традиционален марш по повод 8. Март

408

„Ниту една повеќе“, „Здраво, колку букети ви е животот“, „Од Скопје до борба без граници“, „ Нема слобода без слободни жени“… гласеа дел од транспарентите кои можеа да се видат на традиционалниот марш со кој граѓаните ги пренесоа пораките за Меѓународниот ден на жената -8. Март. Тие побараа унапредување на женските права, поголема заштита од институциите и правично општество.

Учесниците на маршот со своето масовно присуство апелираа дека празничните честитки и подарените ружи не се доволни доколку не се искорени родово базираното насилство, економската нееднаквост и дискриминацијата.

Тие упатија и пораки за солидарност и поддршка во борбата за подобри услови за живот и работа на жените. Истовремено ги повикаа институциите, но и целото општество, да се вклучат во создавање поправедна и похумана средина.

Учесниците истакнаа и дека еднаквите права и можности за жените се единствен предуслов за развој и за напредок на едно општество.

Фото: П. Стојановски

ИЗДВОЕНИ