петок, септември 11, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Нема да се реализира најавениот протест на превозниците на 14 септември

Нема да се реализира најавениот протест на превозниците на 14 септември

64

Највениот протест со затворање на границите кон ЕУ закажан за 14 септември на превозниците од Западен Балкан, нема да се реализра. Од Асоцијацијата „Макам-транс“ во  моментов информираа дека сите подготовки за спроведување на протестот се ставени вон сила на одреден период.

– По остварена средба со претставници на дел од државите членки на Шенген Зоната, а преку Мисијата на Европска Унија со седиште во Белград, претставниците на превозниците од четирите држави на Западен Балкан (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) се договорија да не го реализираат најавениот протест на 14.09.2026 година со затворање на граничните премини кон државите на Европска Унија (ЕУ). На овој начин покажавме добра волја и разбирање за проблемите кои би настанале со прекинување на синџирот на снабдување на стока меѓу Западен Балкан и ЕУ и искажавме доверба на ветувањето дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање на соодветно решение за професионалните возачи и нивниот престој во Шенген Зоната подолг од 90/180 дена до изгласување на новата визна стратегија во втората половина на 2027 година – информираа од „Макам-транс“.

ИЗДВОЕНИ