Некс тајм и 2Бона ги разиграа скопјани – вечер исполнета со енергија, добра музика и забава/ФОТОГАЛЕРИЈА

988

Синоќа пред платото на салата „Расадник“ во Кисела Вода илјадници граѓани беа дел од незаборавен музички спектакл на која настапија македонските музички групи 2Bona и Next Time.

Фото: П. Стојановски

Настанот е во рамки на прославата на 70 години од постоењето на општината, а посетителитеуживаат во вечер исполнета со енергија, добра музика и забава.

„Вечерва не се бројат часови, туку моменти! Не дозволувајте да ви раскажуваат – бидете дел од најдобрата журка во Скопје“, напиша претходно во најавата на концертот градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ