Во повеќе градови во Турција веќе неколку дена се одржуваат протести за поддршка на уапсениот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу. Полицијата во Истанбул искористила солзавец против демонтстрантите кои се наоѓаат кај Валенсовиот аквадукт.
Турското министерство за внатрешни работи претходно денеска соопшти дека Имамоглу е сменет од должноста откако турскиот суд официјално го упаси под обвинение за корупција.
Се очекува градското собрание на Истанбул, каде што главната опозициска Републиканска народна партија има мнозинство, да избере вршител на должоста во следните неколку дена, по смената на Имамоглу.
Тој беше притворен во среддата поради обвиненија за корупција и помагање на терористичка група, но ги негираше обвинен ијата, нарекувајќи ги незамисливи клевети.
Имамоглу е клучната опозициска личност и потенцијален противник на претседателските избори на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Турската влада негираше какво било влијание врз апсењето на Имамоглу, наведувајќи дека правосудството е независно, пренесувс „Спутник“.
ИЗДВОЕНИ

Празни ходници, а во „Мој термин“ нема слободен преглед

АЛАРМ ЗА НАМАЛЕНИОТ НАТАЛИТЕТ ВО МАКЕДОНИЈА: Демографијата тоне, мерките уште се „раѓаат“!

По пишувањето на ВЕЧЕР: Народниот правобранител бара гостиварци да не плаќаат за загадената вода

Европа со „минималци“ над 2.000 евра, Македонија на дното од листата








