петок, ноември 13, 2026
Дома СВЕТ „НЕКОИ ОВДЕ ВО ДАБЛИН СТРАВУВААТ“ – Мерц го моли Трамп да не...

„НЕКОИ ОВДЕ ВО ДАБЛИН СТРАВУВААТ“ – Мерц го моли Трамп да не прави изненадувања

0
EPA/CLEMENS BILAN

Германскиот канцелар Фридрих Мерц побара од американскиот претседател Доналд Трамп да не носи избрзани одлуки за време на неговите очекувани разговори за Украина со рускиот претседател Владимир Путин, кои треба да се одржат следната недела во Кина.

„Некои овде во Даблин стравуваат дека ова би можело да се претвори во уште еден ’момент од Анкориџ‘“, изјави Мерц на маргините на состанокот на лидерите на Европската унија, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека сака да испрати јасна порака до Соединетите Држави.

„Ве молам, без изненадувања. Продолжете да дејствувате како дел од европскиот тим и тимот за Украина“, апелираше Мерц.

Трамп претходно најави дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со кинескиот претседател Си Џинпинг следната недела, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), кој ќе се одржи на 18 и 19 ноември во кинескиот град Шенжен.

Јуриј Ушаков, советник на рускиот претседател, изјави дека е договорена средба меѓу Путин и Трамп за време на самитот, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведе дека Русија, Кина и САД активно работат на организирање заедничка средба на тројцата лидери.

ИЗДВОЕНИ