Некогашниот француски фудбалски репрезентативец Дмитри Паје соопшти вечерва дека ја завршува својата играчка кариера.
„Денес, неколку дена пред мојот 39-ти роденден, одлучив да се пензинирам како професионален фудбалер“, изјави Паје на полувремето на натпреварот во 27-то коло на француското првенство меѓу „Олимпик“ од Марсеј и „Лил“.
Паје во својата кариера играше за „Ексцелзиор“, „Нант“, „Сент Етјен“, „Лил, „Марсеј“, „Вест Хем“ и „Васко де Гама“.