Од МВР соопштуваат дека во текот на продолжениот викенд 19/22.03.2026 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спровеле зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници.
По викенд контрола на МВР: Поднесени се кривични пријави за три угостителски објекти во Аеродом – служеле алкохол на малолетници
Контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци. По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 204 од КЗ “точење алкохол на малолетници”, информираат од МВР.












