Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.
Маршот од пред Универзалната сала продолжи кон Владата и заврши во паркот „Жена-борец“ спроти Собранието каде се очекува да се одржат говори.
Од Платформата за родова еднаквост истакнуваа дека 8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија.
Оваа година, маршот се одржува под слоганот „Нека јадат ружи!“.
Фото: П. Стојановски