недела, јули 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Не постои друг начин за збогување со мај: Продолжениот викенд носи топло...

Не постои друг начин за збогување со мај: Продолжениот викенд носи топло и променливо време со услови за краткотраен дожд и ветер

59

Во следните денови продолжува периодот на топло и променливо време со сончеви периоди и постепен пораст на температурите. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност проследена со краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер.

Најголема можност за нестабилно време ќе има за време на викендот и почетокот на новата седмица, кога локално се можни поројни врнежи и краткотрајно невреме. И покрај тоа, времето ќе остане релативно топло и спарно.

Од средината на следната седмица повторно се очекува стабилизирање на времето со повеќе сончеви периоди и температури кои на места ќе достигнуваат и до 30°C.

Во скопје се очекува топло време со сончеви периоди, но во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во пораст и ќе се движат до околу 30°C.

ИЗДВОЕНИ