недела, јули 5, 2026
Дома СВЕТ Фицо против предлогот на Мерц: Други земји аспиранти имаат поголемо право на...

Фицо против предлогот на Мерц: Други земји аспиранти имаат поголемо право на членство во ЕУ, особено Србија, Црна Гора и Албанија

1910
Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес го отфрли предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц Украина да стане придружен член на Европската Унија.

Тој истакна дека другите земји, особено Србија, Црна Гора и Албанија, имаат право на тоа.

„Овие три земји треба да бидат примени во Европската Унија што е можно поскоро“, рече Фицо на прес-конференцијата, пренесува „Таср“.

Вака реагираше тој на иницијативата на Мерц да ѝ се додели на Украина статус на „придружен член“ на Европската Унија без право на глас додека земјата поминува низ процесот на пристапување и додаде дека кога станува збор за членство за секого – не само за Украина, тие мора да ги исполнат условите, што е долгорочен процес.

„Сегашната атмосфера во Европската Унија не е погодна за преземање такви чекори во однос на Украина. Или ќе примиме некого во Европската Унија, или нема“, рече Фицо.
Тој исто така додаде дека, иако сè уште не го прочитал писмото на Мерко до претставниците на ЕУ во кое се содржи предлогот, верува дека тој нема поддршка во рамките на Унијата.

Во писмо до лидерите на земјите-членки на ЕУ, германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи Украина да стане придружна членка на ЕУ, но без право на глас, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ