Големата прослава по историскиот успех на Сан Антонио Спарс беше засенета од трагичен инцидент. За време на славењето, по освојувањето на титулата во Западната конференција, еден навивач паднал од возило и се здобил со тешки повреди на главата.
Според информациите од локалните власти, тој веднаш бил пренесен во болница, но лекарите констатирале мозочна смрт. Инцидентот се случил пред очите на неговите најблиски.
Од полицијата во Сан Антонио изразија сочувство до семејството и порачаа дека станува збор за трагедија што можела да биде спречена.
- Овој случај е важен потсетник дека јавната безбедност е одговорност на сите. Ги повикуваме сите што слават да ги почитуваат сообраќајните правила и да останат во возилата, соопштија властите.
Инаку, Сан Антонио обезбеди место во големото НБА-финале по сензационалната победа над Оклахома, а во борбата за титулата ќе се соочи со Њујорк.











