петок, јули 17, 2026
Дома СВЕТ ИРГК тврди: 15 бродови поминаа низ Ормутскиот теснец со наша дозвола

ИРГК тврди: 15 бродови поминаа низ Ормутскиот теснец со наша дозвола

43
EPA/NEIL HALL

Иранската револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека 15 комерцијални бродови поминале низ Ормускиот теснец во последните 24 часа, вклучувајќи четири танкери за нафта. Во соопштението се вели дека бродовите поминале низ теснецот откако добиле претходно одобрение од ИРГК, објави Ал Џезира.

Додадено е дека ИРГК ќе одговори на каква било соработка со бродови кои имаат намера да поминат низ теснецот со „непријателски сили“ како „непосредна закана по безбедноста“.

Претходно, заменик-политичкиот командант на ИРГК, Џадола Џавани, изјави дека контролата врз суверенитетот над Ормускиот теснец е стратешки поважна за Иран од нуклеарното оружје.

„Остварувањето на суверенитетот над Ормускиот теснец е стратешки поважно оружје од нуклеарното оружје, бидејќи му овозможува на Иран да ги казнува агресорите“, рече Џавани, според порталот „Иран интернешнл“.

ИЗДВОЕНИ