Турската крајбрежна стража соопшти дека турски брод бил нападнат и потонал кај северниот брег на Црното Море, при што загинал еден морнар, а четворица други биле ранети.
Бродот „Дуру 67“ бил нападнат западно од Севастопол на Крим вчера, соопшти Командата на крајбрежната стража.
Петмина од повредените морнари биле спасени од друг брод, „Бурак Каја“, но еден од нив починал на пат кон Турција.
Повредените биле однесени во болница во главниот град на покраината Кастамону, објави агенцијата „Анадолу“.
Здравствените власти изјавија дека евакуираните претрпеле полесни повреди од шрапнели.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесе „Бета“.












