сабота, јуни 13, 2026
Дома СВЕТ Нападнат е танкер на влезот во Ормускиот теснец во близина на...

Нападнат е танкер на влезот во Ормускиот теснец во близина на Оман

26
Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Центарот за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO) објави дека танкер бил нападнат на влезот во Ормускиот теснец во близина на Оман.

Инцидентот се случил во петокот, на околу 11 километри од брегот на Оман, кога проектил го погодил левиот дел од предниот дел на танкерот.

UKMTO вели дека екипажот е неповреден и нема последици по животната средина.

Сè уште не е познато кој го извршил нападот.

„Танкерот продолжува да плови кон следното пристаниште. Властите истражуваат. На бродовите им се советува да бидат внимателни при транзит и да пријават каква било сомнителна активност“, се вели во соопштението на UKMTO, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ