петок, септември 25, 2026
Дома СВЕТ Наместо портретот на Бајден, Трамп му покажа на Шји „автопен“ – кинескиот...

Наместо портретот на Бајден, Трамп му покажа на Шји „автопен“ – кинескиот претседател гласно се насмеа/ВИДЕО

1
Фото: screenshot X

За време на обиколката на Белата куќа во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп му покажа на кинескиот претседател Шји Ѓинпинг врамена фотографија од „автопен“ (машина за автоматско потпишување) – изложена на местото на портретот на поранешниот американски претседател Џо Бајден – што предизвика смеа кај Шји во еден редок момент на опуштеност за време на неговата прва државна посета на САД по повеќе од една деценија.

Белата куќа објави снимка на социјалните мрежи на која се гледа како Трамп го води Шји низ зградата и застанува кај таканаречената „Претседателска патека на славните“, каде што се изложени портрети и плочи посветени на американските претседатели, пренесува „Саут Чајна морнинг пост“ (SCMP).

„Ова е ’автопен‘ – или подобро кажано, Бајден“, рече Трамп, покажувајќи кон сликата, на што Шји гласно се насмеа.

Иако на снимката не се слушаат сите зборови на Трамп, очигледно е дека тој упатил саркастична забелешка за тоа како Бајден користел „автопен“. Трамп во минатото честопати го критикуваше својот претходник поради оваа практика.

ИЗДВОЕНИ