Луѓето со повисока базална метаболичка стапка може да бидат поврзани со зголемен ризик од развој на дијабетес, без оглед на индексот на телесна маса.
Ново истражување на Џозеф Фримпонг и неговиот тим од Универзитетот во Оксфорд на голем примерок од 341.790 учесници во UK Biobank покажува дека повисоката базална метаболичка стапка (BMR) може да биде поврзана со зголемен ризик од развој на дијабетес, без оглед на индексот на телесна маса, пренесе „Живим.хр“.
За време на просечно следење од дванаесет години, регистрирани се 4626 нови случаи, при што секое зголемување на базалната метаболичка маса значително го зголемува ризикот, особено за дијабетес тип 2.
Луѓето со повисок BMR кои развиле дијабетес, исто така, имале поголем ризик од срцев удар и мозочен удар, како и други компликации.
Научниците истакнуваат дека дел од овој ризик се објаснува со фактори како што се гликоза, триглицериди и воспалителни маркери, што укажува на важноста на нивната контрола во спречувањето на болеста.
Иако резултатите укажуваат на јасна поврзаност, потребни се понатамошни истражувања за да се разјаснат причините и механизмите на оваа поврзаност, според публикацијата во списанието „Diabetes Research and Clinical Practice“.












