среда, септември 16, 2026
Дома СВЕТ Најмалку 21 лице загинаа, десетици се водат како исчезнати откако се урна...

Најмалку 21 лице загинаа, десетици се водат како исчезнати откако се урна зграда во Газа

16

Најмалку 21 лице, меѓу кои и осум деца, загинаа, а десетици се водат како исчезнати откако во текот на ноќта се урна зграда во Газа, која претходно била оштетена во воени дејствија, соопштија локалните спасувачки служби и медицински екипи.

Сведоци изјавија за „Би-би-си“ дека шесткатната зграда во населбата Тал ал-Хава во градот Газа опасно се навалувала на едната страна по израелскиот напад извршен пред повеќе од една година.

Тие исто така наведоа дека во зградата, од немаштија, живееле раселени семејства.

Агенции на ОН и еден египетски тим се вклучија во потрагата по преживеани, но официјални лица велат дека таа се одвива бавно поради недостиг на опрема.

За време на почетните спасувачки напори, припадниците на Службата за цивилна заштита, која е под контрола на „Хамас“, морале да работат со голи раце.

„Сè уште слушаме гласови под урнатините, така што постои надеж дека ќе најдеме луѓе“, изјави Раед ал-Дахшан, директор на Службата за цивилна заштита во градот Газа.

ИЗДВОЕНИ