среда, септември 16, 2026
Дома МАГАЗИН Почина најстариот Европјанин – титулата ја презема 111-годишен Португалец

Почина најстариот Европјанин – титулата ја презема 111-годишен Португалец

27
Фото:принтскрин, „Икс“

Витантонио Ловало, најстариот маж во Европа, почина на 112-годишна возраст, соопштија властите во Авилијано, во јужниот италијански регион Базиликата.

Поранешниот одгледувач на овци, кој живеел во мало место источно од Неапол, е роден во март 1914 година, само неколку месеци пред избувнувањето на Првата светска војна. Дури и откако наполнил 100 години, „Зитон“ – како што го нарекувале – продолжил да се грижи за сопственото лозје.

„Авилијано денес изгуби дел од својата историја. Зитон беше еден од нас“, напиша градоначалникот на Авилијано, Џузепе Мека, на „Фејсбук“.

Сопругата на Ловало починала пред неколку години. Двојката имала четири деца. За време на Втората светска војна, Ловало првично служел на фронтот. Според извештаите на италијанските медиуми, тој бил воен заробеник во Германија од 1943 до 1945 година.

Според листата што ја води Групата за истражување на геронтологија (Gerontology Research Group), најстариот маж во Европа сега е Жоаким Варела од Португалија, на возраст од 111 години; сепак, тој се наоѓа дури на 32-то место на листата на најстари луѓе во Европа, зад 31 жена.

Истата листа ја посочува Етел Катерхам од Обединетото Кралство како најстара личност во Европа – и во светот – со 117 години, пренесе „Хина“.

ИЗДВОЕНИ