Актерот Ѓорѓи Јолевски, историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс се годинашни добитници на високото државно признание „23 Октомври“.

Наградата се доделува за долгогодишно остварување во областа на науката, културата, образованието, заштита на државните интереси, промоција на државните приоритети и вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

Актерот Јолевски ја добива наградата за остварување во областа на културата и на уметноста, додека историчарот Стојков и археологот Лилчиќ-Адамс за остварување во областа на науката.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври во 11:00 часот, во Собранието на Република Македонија.

ИЗДВОЕНИ