среда, октомври 14, 2026
Дома СКОПСКА Продолжи големата акција за чистење на градот

Продолжи големата акција за чистење на градот

9

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, заедно со градската администрација, градоначалниците од скопските општини, со младите и волонтерите, денеска ја продолжи големата акција за расчистување на градот.

– Илјадници луѓе повторно ја претворија љубовта кон Скопје во дело. Со засукани ракави и со искрена желба да придонесат, покажаа дека чист и уреден град се создава со труд, со одговорност и со заедништво. Покажавте колку сме силни кога работиме за иста цел  – нагласи Ѓорѓиевски.

Тој им порача на сите што несовесно фрлаат отпад, да го почитуваат трудот на нивните сограѓани.

– Некој одвоил од своето време, се наведнал и го собрал она што друг го фрлил. Вложил сила и труд за да живееме поубаво сите. Никој нема право со својата неодговорност да го погазува тој придонес. Ние продолжуваме со истата решителност – изјави Ѓорѓиевски.

Тој ги повикува сите граѓани да почнат од својот праг, од својата улица, од паркот во кој ги носат децата.

– Да го чуваме исчистеното и со сопствениот пример да поттикнеме уште некого да се приклучи – наведе Ѓорѓиевски.

Тој повтори дека дополнително, во употреба е пуштена и новата механизација, а низ Скопје веќе се поставуваат и новите 3.300 контејнери.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции ќе се организираат двапати месечно.

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ