На 11-тото издание на Меѓународниот фестивал за анимација „Под волшебното стапче на Мерлин“ („Sub Bagheta lui Merlin“), кој се одржа во Темишвар, Романија од 27. септември до 4. октомври, претставата „Франкенштајн“ на Театарот за деца и младинци од Скопје освои престижна Награда за колективна игра (Award for Ensemble Performance).

Публиката и стручното жири во Темишвар имаа можност да ја погледнат изведбата на оваа длабока и визуелтно впечатлива претстава на 1 октомври, на големата сцена на Унгарскиот државен театар „Csiky Gergely“.

Меѓународното жири ја препозна и ја валоризира врвната уметничка синергија, прецизност и длабока емоционална ангажираност на актерскиот ансамбл, доделувајќи му го ова значајно признание кое ја потврдува високата професионалност на македонскиот театар.

Претставата „Франкенштајн“, преку својот оригинален сценски јазик и актуелна тематика, уште еднаш докажа дека уметноста не познава граници и успева длабоко да ја допре и младата и возрасната публика ширум светот.

ИЗДВОЕНИ