четврток, септември 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нагла промена на времето, пристигнува студен фронт и дожд

Нагла промена на времето, пристигнува студен фронт и дожд

35

Под влијание на циклонска активност времето утре ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта и во сабота претпладне.

Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за повремен дожд.

Систем со висок воздушен притисок продолжува да ги одредува временските прилики низ поголемиот дел од Европа. Циклон што се движи од северот на континентот кон југ потиснува постудена и понестабилна воздушна маса кон Балканот.

Во текот на ноќта ќе дојдеме под влијание на студен фронт кој од вечерните часови ќе донесе врнежи и значително постуден воздух.

ИЗДВОЕНИ