Вработен во Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево, кој пукал во себе во пределот на главата откако припадници на Државната агенција за истраги и заштита (SIPA) извршиле претрес во неговиот стан, починал во Универзитетскиот клинички центар во Сараево (KCUS), неофицијално пишуваат локалните медиуми.
Како што пренесува порталот Istraga.ba, тој пукал во себе откако припадници на SIPA и полицијата на Кантонот Сараево извршиле претрес во неговиот дом за време на операција спроведена во соработка со Европол.
Според Istraga, операцијата се спроведува по налог на Судот на Босна и Херцеговина и Обвинителството на Босна и Херцеговина. Таа е дел од меѓународна истрага насочена кон шверцери на оружје поврзани со организираната криминална група на Маџид Рава, познат како „Фокс“.
Полициски службеници вчера наутро извршија претрес во канцеларијата на М.Б. во Полициската станица во Илијаш. Истовремено, започнаа претреси во Добој и Братунац. Во операцијата учествуваа припадници на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево и на SIPA. Откако била претресена неговата канцеларија, тој побарал да оди во тоалетот. Кратко потоа се слушнал истрел. Полициските службеници го пронашле како лежи во локва крв во тоалетот на Полициската станица во Илијаш.
Според Istraga, М.Б. бил член на криминалната организација предводена од Маџид Рава – познат како „Фокс“ – кој раководи со група од мафијашки тип што дејствува главно во Шведска.
Маџид Рава е познат под прекарот „Курдската лисица“ (The Kurdish Fox) и ја предводи групата „Фокстрот“ (Foxtrot).












