Владата инвестира 4,2 милиони евра за набавка на нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините. Според вицепремиерот Александар Николоски, ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот на подобрување со состојбата со хигиента.

– Се купуваат 49 возила од различен тип, со кои ќе им се помогне на градот Скопје и на останатите општини да ја подобрат состојбата со хигиената – изјави Николоски по средбата во ЗЕЛС со градоначалниците и претставниците од Светска банка каде се разговараше за развој и реализација на проекти во општините.

Ќе бидат купени 17 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со вкупна вредност од 1,5 милиони евра, три мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со соодветни механизми со вредност од 283 илјади евра, девет специјализирани камиони кои што се во вредност од 982 илјади евра, 21 машина за чистење на улици во вредност од 1,3 милиони евра.

– Со 4,2 милиони евра ќе се купат 49 возила со поддршка на Светска банка што сериозно ќе помогне во подобрување на состојбата со хигиената. Ова е најголем инвестициски циклус во општините, ќе продолжиме и во следниот период. Веќе разговараме со Светска банка, следна недела нивната мисија е тука за нови проекти кои што ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините, секако и други проекти што заеднички ќе ги работиме – изјави Николоски.

Според него, неспоредлива е поддршката на оваа Влада за развој и проекти во општините, од која било Влада претходно. Тој потсети дека во 2024 и 2025  беа реализирани 350 милиони евра за развој и инфраструктурни проекти во општините.

– Министерството за транспорт во соработка со Светска банка го реализира проектот за изградба и рехабилиатција на локланите улици во општините.  За овие две години реконструирани се преку 90 улици во општините низ државата и инвестирани се преку 25 милиони евра што јасно покажува дека оваа Влада е силно посветена на урбаниот равој на општините и подобрување на животот на граѓаните – истакна Николоски.

Тој истакна дека соработката со Светска банка е одлична и сакаме да реализираме повеќе проекти како поддршка на општините.

– Знаете дека ова е Влада која што неспоредливо со било која Влада предходно дава поддршка на локалната самоуправа. Веќе имеше два повици, едниот во 2024, другиот во 2025 година во вкупна вредност од 350 милиони евра за реализација на локални проекти, а ако на тоа ги додадеме и проектите кои што ги реализираме со поддршка на Светската банка, тогаш вредноста е далеку поголема. Денес зборуваме за проектот за локални патишта, во кој што за две години во периодот јуни 2024 до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините. Рехабилитирани се 96 улици во 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта, што значи дека некаде околу 103 километри патишта се рехабилитирани, изградени целосно нови или во тек се на изградба во овој момент со поддршка на Светска банка – изјави вицепремиерот Николоски.

(С.Бл.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ