петок, јуни 5, 2026
Дома СПОРТ На Светското првенство нè очекуваат дури 6 нови правила

На Светското првенство нè очекуваат дури 6 нови правила

138
epa12572995 FIFA World Cup 2026 mascots (from L) Maple the Moose (Canada), Zayu the Jaguar (Mexico) and Clutch the Bald Eagle (USA) walk on the red carpet before the FIFA World Cup 2026 Final Draw at the Kennedy Center in Washington DC, USA, 05 December 2025. EPA/WILL OLIVER

Светското првенство, кое оваа година се игра во Америка, Канада и Мексико, ќе донесе многу нови работи, или поточно нови правила.

Светското првенство ќе трае од средината на јуни до средината на јули, а ќе биде посебно поради новите правила усвоени од ФИФА.

Правилата ќе се применуваат на Светското првенство и практично ќе го променат фудбалот каков што го знаеме засекогаш.

Некои од правилата треба да влијаат на регуларноста на натпреварите

Од друга страна, постојат и такви што треба да придонесат за динамиката на натпреварите и да ги спречат тимовите да губат време.

Исто така, има промена во однос на влијанието на ВАР просторијата, кое сега ќе биде многу поголемо.

Предвидено е да има нови шест правила:

  1. Играч кој мпра да го напушти теренот мора да го напушти во рок од 10 секунди. Ако не го стори тоа, замената се одложува и новиот играч мора да почека една минута пред да влезе.
  2. Играч кој ќе побара медицинска помош на теренот мора да го напушти теренот една минута (со одредени исклучоци)
  3. Ако судијата процени дека се троши премногу време на аут или корнер, ќе се сметаат пет секунди. Казната е топка за противничкиот тим.
  4. Ако судијата процени дека се троши премногу време на гол-аут, ќе се сметаат пет секунди. Казната е корнер-аут за противничкиот тим.
  5. ВАР технологијата ќе се користи и за одредување на корнер-аут или гол-аут.
  6. ВАР технологијата ќе се користи за одредување на вториот жолт картон

За крај, нема дилема дека шесте нови правила фундаментално ја менуваат играта.

ИЗДВОЕНИ