Илијана Јотова, која моментално ја извршува функцијата претседател на Бугарија, води во вториот круг од претседателските избори во земјата со околу 51 отсто од гласовите, додека нејзиниот противкандидат – поранешниот привремен премиер Андреј Гуров – освоил меѓу 43 и 45 отсто, покажуваат две излезни анкети објавени по затворањето на избирачките места денеска во 20:00 часот по локално време.
Според излезните анкети, излезноста на гласачите се движи меѓу 27 и 29 отсто, што претставува благ пораст во споредба со првиот круг одржан на 25 октомври, кога беше забележана рекордно ниска излезност од 23 отсто, пренесува „Ројтерс“.










