недела, септември 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА На Шар Планина е пронајдено безживотно тело, со полициски хеликоптер е...

На Шар Планина е пронајдено безживотно тело, со полициски хеликоптер е пренесено до Тетово

0

Околу 17 часот и 30 минути од подрачје на Шар Планина до Тетово со хеликоптер беше пренесено безживотно тело најдено на над 2.500 метри надморска височина.

Од СВР Тетово потврдуваат дека е најдено безживотно тело на Шар Планина, по пријава на граѓани околу 14 часот и 30 минути, а повеќе детали најавуваат за утре.

Според неофицијални информации станува збор за планинар-алпинист на околу 70 години од тетовско Џепчиште.

ИЗДВОЕНИ