недела, септември 20, 2026
Дома СВЕТ Русија тврди дека била цел на повеќе од илјада сајбер-напади за време...

Русија тврди дека била цел на повеќе од илјада сајбер-напади за време на изборите

0

Руската Централна изборна комисија во неделата соопшти дека регистрирала „повеќе од илјада“ сајбер-напади насочени кон попречување на парламентарните избори, како и обиди за хакирање на телекомуникациските системи кои покажувале знаци на „украинско мешање“.

„Регистрирани се повеќе од илјада DDoS-напади врз руската инфраструктура вклучена во изборниот процес“, изјави Ела Памфилова, претседателка на Централната изборна комисија, пренесуваат руските новински агенции.

DDoS-нападите се напади од типот „дистрибуирано оневозможување на услугата“ (Distributed Denial-of-Service). Станува збор за злонамерни обиди да се преоптоварат веб-страници, сервери или мрежи со огромен обем на лажен сообраќај, со што тие стануваат недостапни за обичните корисници.

„Нападите беа изведени од високопрофесионални и добро координирани групи кои користеа алатки со вештачка интелигенција“, при што поголемиот дел од нив потекнуваа „од странство“, рече Памфилова.

„Беа извршени и насочени напади врз руската телекомуникациска инфраструктура во целина“, додаде таа, прецизирајќи дека „сите тие укажуваат на знаци на украинско мешање“.

Уште во саботата – вториот ден од гласањето, кое се одвива и по електронски пат во околу 30 региони – Изборната комисија соопшти дека изборниот систем бил цел на „многу силен сајбер-напад“ што продолжил во текот на целиот ден, пренесе „Хина“.

ИЗДВОЕНИ