Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски и неговиот тим. Тренто. се елиминирани од Еврокупот откако загубија на гостувањето кај Бешикташ со 77:76. Иако турскиот тим имаше контрола во поголемиот дел од мечот, гостите се вратија во финишот и имаа шанса за победа, но го промашија клучниот шут за триумф. Во последните секунди, Емануел Бајехе реализираше само едно од двете слободни фрлања, што беше доволно за триумф на Бешикташ и за пласман во полуфиналето.
Нашиот интернационалец го имаше, можеби, најлошото шутерско шоу од пристигнувањето во клубот, бидејќи постигна само еден поен, без погоден шут од поле (0/7). Инаку, запиша пет скока, две асистенции и две украдени топки.











