вторник, ноември 10, 2026
Дома СВЕТ За изборите во 2027 година: Петкратен олимпиец во џудо се кандидира за...

За изборите во 2027 година: Петкратен олимпиец во џудо се кандидира за претседател на Франција

30
EPA/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

 

Петкратниот олимписки шампион во џудо, Теди Ринер, ја објави својата кандидатура за претседателските избори во Франција во 2027 година.

– Се викам Теди Ринер и денес, гледајќи ве право в очи, ја објавувам мојата кандидатура за претседателските избори во 2027 година. Борбата отсекогаш била дел од мене. Знам што значи да се бориш, да паднеш и секогаш повторно да станеш. Знам што ќе кажат луѓето за мене: „Тој е луд“. „Тој не е дел од естаблишментот“. „Тој не е добар во тоа“. „Тој никогаш не бил вклучен во политиката.“ Ако фактот што одбивам да ја наведнам главата и да одбијам да го прифатам хаосот ме прави луд, тогаш да, јас сум целосно луд. Нема да бидам еден од оние што ја гледаат земјата како гори додека бараат изговори за себе – рече во видеообјава 37-годишникот од Гваделупе, кој е најголемиот џудист во историјата, единаесеткратен светски шампион и сè уште активен натпреварувач.

Иако признава дека веќе има многу кандидати, инсистира да оди докрај, додавајќи дека не би го направил овој чекор ако не верувал дека има вистинска шанса.

 

ИЗДВОЕНИ