Летото кое веќе е во заминување, особено во западна и југозападна Европа беше навистина екстремно топло со постојани екстремно топли бранови кои предизвикаа екстремно високи температури на воздухот. Токму поради екстремно топлите бранови ова лето во Европа, Средоземното море значително се загреа, а тоа може многу лошо да влијае на Балканот оваа есен.
Токму ова загревање на Средоземното море голема е веројатноста да предизвика формирање на моќни циклони кои ќе предизвикаат големо количество на врнежи на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија. Оваа есен голема е веројатноста врнежите на Балканот и во Македонија да бидат значително повисоки од просечните.
Во ваква ситуација, има голема веројатност оваа есен Балканот, и Македонија да имаат проблеми со врнежите, односно честите и обилни врнежи од дожд и временските непогоди кои се се поизвесни есенва на Балканот и во Македонија може да предизвикаат сериозни поплави и многу проблеми.
Токму поради ова, метеорологот Славчо Попоски апелира до граѓаните да бидат навремено подотвени за екстремни метеоролошки појави оваа есен кои се се поизвесни на Балканот и во Македонија.












