среда, септември 9, 2026
Дома МАГАЗИН „На ова не можете да се обложите“: Сидни Свини целосно гола во...

„На ова не можете да се обложите“: Сидни Свини целосно гола во спортска реклама/ВИДЕО

1
EPA/CAROLINE BREHMAN

Популарната актерка Сидни Свини се најде во центарот на вниманието на јавноста откако се појави во исклучително провокативна кампања за „Novig“ – нова апликација за спортско обложување и предвидување, наменета за љубителите на американски фудбал, бејзбол, фудбал, тенис и други спортови.

Во промотивното видео, ѕвездата на хит-серијата „Еуфорија“ позира сосем гола, опкружена со разна спортска опрема – од топки за американски фудбал и кошарка, па сè до опрема за хокеј и голови.

Оваа неконвенционална и смела кампања веднаш привлече огромно внимание на социјалните мрежи и предизвика вистинска медиумска бура.

„Мислите дека се разбирате во спорт? Докажете го тоа. ’Novig’ е целосно посветен на спортот. Затоа сакаа да прикажат само спорт“, вели популарната актерка додека позира гола на обрачот од кошот, покривајќи го телото со кошаркарски топки и топки за американски фудбал.

Откако неколку пати го повторува зборот „спорт“, таа го растура редот од топки за билијард и легнува на масата за билијард.

„На ова не можете да се обложите. Едноставно изгледам добро овде“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney)

ИЗДВОЕНИ