Локалната самоуправа во соработка со Хард Ендуро Клуб Прилеп, активно учествуваше во подготовката на теренот и организацијата на овој значаен настан. Со заеднички напори беше изграден првиот хард ендуро и тренинг полигон од ваков тип во нашата држава, инвестиција што останува како трајна вредност за градот и за сите љубители на овие спортови.

Паралелно се реализира и реконструкцијата на патот кон месноста Топташ, со што значително се подобрува пристапот и условите за одржување на вакви настани.

– Голема благодарност до сите поединци, клубови и општествено одговорни компании кои со својата поддршка придонесоа за реализацијата на овој проект. „Топташ Родео 2026“ е уште една потврда дека Прилеп сигурно се развива како препознатлива дестинација за спорт, рекреација и адреналински настани. Сигурен сум дека сите љубители на мотоспортот ќе го посетат Прилеп и ќе бидат дел од ова возбудливо доживување – вели прилепскиот градоначалник, Дејан Проданоски.

 

ИЗДВОЕНИ