петок, јуни 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Топлото време со краток здив, по сонцето следуваат обилни дождови

Топлото време со краток здив, по сонцето следуваат обилни дождови

145

По ведрото и постудено утро, времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во наредните денови следува период на релативно топло време. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Од среда попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во петок.

Од четврток локално ќе има и услови за појава на ретки грмежи. До петок ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а од сабота ветерот ќе го смени правецот во северен.

ИЗДВОЕНИ