Температури над просекот за ноември кои ќе се искачат над 20 степени, силен јужен ветер со удари од над 60/70 км/час, но и нови врнежи ни носи втората недела од ноември на Балканот, но и во Македонија.
Во текот на втората недела од ноември, односно во периодот од 9 до 16 ноември Атлантикот ќе се активира и ќе ни носи значително потоплол но и повторно повлажен воздух. Повторно ќе има нови пообилни врнежи ширум Балканот, а нови локални врнежи од дожд, повремено пообилни ќе има и кај нас во Македонија.
Во текот на погоре споменатиот период значително ќе пораснат температурите и во Македонија.
Ова силно јужно воздушно струење има можност повторно од Сахара кон нашиот дел од Европа да донесе транспорт на прашина и на песок, со што атмосферата би можела да ни биде повторно заматена и нечиста, а врнежите кои ги очекувам би биле помешани со истата, односно дождот би бил валкан.
Понатаму, во следните мои метео објави следува детално и целосно метео анализирање токму околу ова сценарио кое ни следува во Македонија и низ целиот Балкан во текот на втората недела од ноември, односно во периодот од 9 до 16 ноември.












