Тројца работници се затрупани утрово при ископ на темели на градилиште во Скопје во општината Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во координација со Центарот за управување со крици (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице“, се вели во соопштението на МВР.
Градежни работници затрупани при ископ на терен за нова зграда Кисела Вода












