понеделник, октомври 12, 2026
Дома СВЕТ По последниот напад на Хутите, откажани се околу 60 отсто од летовите...

По последниот напад на Хутите, откажани се околу 60 отсто од летовите на аеродромот во Ријад

0
Фото:википедија

Се очекува денес да бидат откажани околу 60 проценти од планираните летови на меѓународниот аеродром во саудискиот главен град Ријад – според податоците на компанијата за воздухопловна аналитика „Цириум“ (Cirium) – по нападите на јеменските бунтовници Хути за време на викендот, во кои загинаа најмалку 14 лица.

Според податоците на „Цириум“, во неделата биле откажани 99,7 проценти од планираните летови на Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, пренесе „Ројтерс“.

Аеродромот во саудискиот главен град остана затворен во неделата по нападот во кој загина едно лице, а 11 беа повредени.

Тој напад уследи по нападот на Хутите врз аеродромот во саботата, во кој загинаа најмалку 13 лица, а повеќе од 300 беа повредени.

ИЗДВОЕНИ