Министерството за внатрешни работи (МВР) упати итно предупредување до граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на фишинг напади преку лажни СМС и електронски пораки. Измамниците испраќаат известувања наводно од Одделот за моторни возила или системот „Безбеден град“, во кои е наведен лажен линк преку кој граѓаните се пренасочуваат да платат за наводен сообраќаен прекршок.
МВР појаснува како да се направи разлика помеѓу лажните и вистинските известувања. „СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач ’MVR-SC‘. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок и линк од следниот формат: https://safecountry.mvr.gov.mk…“, нагласуваат од министерството.
Надлежните апелираат никогаш да не се споделуваат лични податоци како броеви на банкарски картички и лозинки преку неовластени канали и секогаш да се проверува адресата на испраќачот. Секторот за компјутерски криминал веќе води истраги за откривање на сторителите на овие измами.
ИЗДВОЕНИ

СТАРИ И БЕСПОМОШНИ, СВИРЕПО НАПАДНАТИ ВО СВОИТЕ ДОМОВИ – ДВЕ УБИСТВА ЗА ПЕТ ДЕНА ГО ЗАВИЈА СКОПЈЕ ВО СТРАВ

До документ со неколку клика на мобилен – нема веќе губење денови по шалтери

Со онлајн список, но без торба за на пазар – пиперки и домати за пола час на врата!

Пред пратениците 124 амандмани – за зголемување на минималецот, за студентски оброк и за поддршка за земјоделците








